Дизајнер на капата е Ерик Џавитс, претприемач со неколку децениско искуство, чии производи ги носеле Мадона, Џенифер Лопез, Аријана Гранде и други први дами како Хилари Клинтон и Лора Буш. Оваа што ја носела Меланија била втора таква, тој никогаш не се сретнал со неа, но, во транспортот првата многу се изгужвала, па, Меланија ја ставила втората.
За едни капата е израз на мистериозноста со која зрачи Меланија, која секогаш го предизвикува размислувањето која е таа, што ли мисли во моментот.
За други, капава порачува дека таа се дистанцира од целиот настан. Дури и кога нејзиниот сопруг се приближил да ја бакне, не можел да стигне до образот, па направил „воздушен бакнеж“. И , според дизајнерите, капата е показател на жената од 20 век, а Меланија е родена во 20 век кога жените научија како да постават бариери.
Кејт Бенет, биографката на Меланија смета дека ова со „жена од 20 век“ е погрешно толкување, Меланија и Доналд си се сакаат вели таа, и за воздушниот бакнеж го приближила лицето до Траммп, арно ама тој не стигна до него.
За првата инаугурација на Трамп за претседател Меланија носела дизајн на Ралф Лорен и било соодветно на приликата. Ама годинава, вели дизјанерот пак се определила за сината боја, ама онаа темната – значи тегет, толку многу тегет што личин на црно, што како боја не соодветствува на прилика којашто за нејзиниотг сопруг од старт предизвикува чувство на радост. А со запетланиот мантил и капата заглавена на глава без очите да и се гледаат изгледала како за на погреб.
За поддржувачите на Трамп најважна е неговата предизборна реторика – ќе ја поправи Америка, ги чека тешка работа за да ја направат државата повторно голема, а целосниот изглед на Меланија го претставувало токму тоа – сериозност во пристапот кон работата што ги очекува и Трамп и неговиот потпреседател Венс сосе нивните жени. Капата симболизира дека Меланија сега ќе си постави јасни цели, дека сега повеќе ја разбира Белата куќа и нејзината улога , споредувано со првиот мандат.
Дискусијата, коментарите си имаат свои различни насоки. Започнаа со заклучокот дека капата го засени чинот на положување на претседателската заклетва и тоа повеќе од сенаторот што се појави во спортски гаќи. Продолжија со споредување со различни анимирани ликови, потценувајќи го целото постоење на Меланија – од нејзиното словенечко потекло, преку нејзината модна писта, до станувањето Меланија Трамп. Завршија со прашањата дали во текот на следните 4 години Меланија ќе ги врати капите во мода и дали ќе биде новата прва дама-модна икона, во ерата кога се и секој е „кежуал“.













