ТЕРА

REKLAMA???

КОГА КУЧИЊАТА ‘РЖАТ

Извештаите на секторите за внатрешни работи и службите за итна медицинска помош секојдневно се исполнети барем со една информација за човек каснат од куче. Но, можеби само ќе ‘ржи , па можеби и нема да нападне. Во продолжение неколку насоки – за луѓето.

Додека се шетате низ Битола или било кој друг град во Македонија и гледате обележано куче кое ви гарантира дека кога ќе тргне по вас можеби има намера да ве касне, а не за да ја продолжуива својата врста, може да наидете на среќна околност – тоа само да ‘ржи на вас.

Науката вели, ‘ржењето е  природен начин на комуникација со кучињата. Често сигнализира непријатност или потреба за простор, но може да се појави и во други ситуации. Затоа, од клучно значење е да се разбере причината, да се спречи ескалација и да се знае кога да се реагира.

Има пријателско и непријателско ‘ржење. Пријателското се појавува кога играат со своите луѓе, кога се поздравува со друго куче кое му се допаѓа и како одговор на критика што му ја дава неговиот човек.

Но, ако кучето лежи мирно а некој непознат човек се приближува – може да з’ржи. Ако тоа би бил вербалниот говор на животното, има и невербален – ја наклонува главата наназад и ги повлекува ушите наназад. Ова значело дека стравува оти некој ќе го премести, па предупредува.

Друг е говорот на кучето кога има храна. Тогаш на човекот или друго животно што пристапува кон него му упатува долг директен поглед, му ги покажува очњаците, се наведнува врз храната во знак на заштита и ‘ржи. Ова исто важи и за играчките  со кои кучињата родителски се поврзани.

Кинолозите на сопствениците на кучиња им сугерираат дека во ситуации кога нивното милениче ‘ржи на сите страни и по се и сешто, треба да му се сврти вниманието со некој третман – или да биде погалено за да биде смирено, или да му се даде нешто од грицките што сигурно ги има , а треба да ги носите по џебови, и на крај пуцкање со прстите за да го свртите неговото внимание.

Овие секако не се многу корисни ако ви ‘ржи куче скитник –  но помага во тргнување на вниманието од вас, за намалување на агресивноста којашто кучето скитник ја манифестира. Вториот совет е никогаш да не се вртите со грб на кучето скитник, да ја зачувате својата смиреност и постепено да заминувате од местото кон за вас посигурна точка. Ако кучето добие помош од други кучиња, ако паднете и не можете да го избегнете каснувањето – во фетус позиција заштитете ги најпрвин вратот, лицето, главата, стомакот со своите раце и нозе – подлактиците и потколениците кога се каснати или скинати многу болат, ама останувате жив.  Се верува дека кучето е потомок на волкот, па, напаѓа во пакт, и прво за врат фаќа.