Социјална правда е концепт кој се базира на ферски однос кон сите – еднаквоста како фокус на сите творевини на општеството, на луѓето. Денеска се одбележува светскиот ден на социјална правда.
Социјалната правда е концепт создаден на столбовите на човековите права, еднаквоставо учеството и пристапот кон се во животот, започнувајќи од правото на живот, преку лични3те права, граѓанските , во нив и тие на посебните социјални групи.
Македонскиот Устав ја гарантира еднаквоста во реализациајта на човековите права. Но, статистиката и кај нас и во светот говори дека и покрај сите искуства што историјата ги наметнала со војни, суши, поплави, болести, човештвото – ние не сме исклучени, треба да се позанимава со 15тина теми:

Една од нив е родовиот јаз во платите, кадешто Светска Банка забележува подобрување но сеуште во светот 2,4 милијарди работоспособни жени не обезбедуваат еднаква лата за еднаква работа. Во темата е вклучено прашањето колку е голема празнината на крајот од работниот век на мажите и жените. Во Кина и Кабмоџа, вели светска банка за ова сеуште не се зборува.
Ова е поврзано со темата Нееднаквост на приходите, а се однесува на глобалната нееднаквост во приходите на државите – богати наспроти сиромашн. Инфлацијата е светски проблем, а глобалниот раст е забавен вели Светска Банка . Од 5,5% раст во 2021, до 2023 година тој бил 3,2%. Десетте најбогати луѓе на светот го зголемиле своето богатсво двојно во двете години од КОВИД 19 пандемијата заработувајќи по 1,3 милијарди дневно.

Климатските промени се уште една од темите на кои денешниот човек се обраќа и тврди дека бара одржливи решенија. Фосилните горива сеуште се доминанти во животот особено во бизнисот, САД се повлече од договорот во Кјото со кој светот е обврзува да ги намали емисиите на стакленички гасови, земјината топка од ден на ден е се потопла.

Климатсите промени водат до Несигурност во производството на храна. Состојбата на безбедноста на храната и исхраната во светот“ (SOFI) од 2022 година покажа дека гладот погодил околу 828 милиони луѓе во 2021 година, што одразува зголемување од 46 милиони луѓе.
На овие гладни во светот, се приклучија и преку 2 милиони бегалци од воените конфликти и климатските промени. преселувањето и безбедноста на бегалците додека мигрираат се задолжителни прашања за социјална правда.
Здравствената заштита на овие и сите други , јасно е, претставува социјална правда, но директно е врзана со нееднаквоста на приходите во земјите . Кога се зборува за сиромаштија тоа вклучува неквалитетно образование, ниска здравствена заштита, родова нееднаквост.
Родово заснованото насилство и во 21 век кога се се знае и има мултиинституционален пристап – сеуште е менталитет и глобално прашање. Според СЗО, околу 30% од жените претрпеле физичко и/или сексуално насилство во текот на нивниот живот. ПОсебно ранлива на насилство е ЛГБТК+ заедницата како целина е ранлива на насилство и дискриминација.
Светот е во процес на еродирање на демократијата, вели Фридом хаус, организација која спроведува истражување и застапување за демократијата и политичката слобода, откри дека глобалната слобода опаѓа, се зголемува политичкиот екстремизам , се заканува сајбер криминалот.
Според Извештајот за глобални ризици на СЕФ за 2022 година, ранливостите на сајбер безбедноста се голема загриженост. Кој добива пристап до најдобрите мерки за сајбер-безбедност е исто така прашање на социјалната правда. Како што се истакнува во блогот на Мерит Баер ( извор на поголемиот дел од овие информации), сајбер безбедноста е прашање на дискриминација на богатството.











