ТЕРА

REKLAMA???

ПРОНАЈДЕНИ ГРАНАТИ ОД ПРВА СВЕТСКА ВО БЛИЗИНА НА ОУ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“

Eкипите на Дирекцијта за заштита и спасување викендов работеше на откривање на 75 милиметарски гранати. Пронајдени се 206.

Денеска околу 14.00 часот заврши дводневната акција на пиротехничките екипи на битолската Дирекција за заштита и спасување. Пронајдени биле гранати со калибар од 75 милиметри кои екипите  ги извлекуваат  длабоко од земјата кадешто стојат повеќе од еден век.

Пронаоѓањето и извлекувањето на вакви огнени објекти не е невооичаена практика кај нас, имајќи во предвид дека Битола во Првата светска војна беше центар на многу вооружени дејствија на војските и мета на воздушни, авионски напади. Но сепак, во околината на оваа локација има нова современа градба на станбени згради  од 60те години , а екипите од Дирекцијата денеска не знаеја да кажат како овие гранати останале тука  сиве овие години на изградување на згради и асфалтирање на коловоз.

Пронајдени се во текот на работата на спроведување на тополводниот цевковод до училиштето „Тодор Ангелевски“, а од Дирекцијата започнале со извлекување откако тоа од нив го побарале од СВР Битола. Пронајдените огнени објекти сега се во депото на Дирекцијата и се очекува нивно уништување според прописите.

Од петокот, кога извадиле 4, акцијата со метал детектор им продолжила и во саботата кога извадиле уште 29 и денеска до 14.00часот уште 173 парчиња од истиот калибар. – информираше денеска за Тера Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во дирекцијата за заштита и спасување. Гранатите ги ваделе низ отвор од 80 сантиметри, а денеска испитале и поширок реон со метал детектор и се уверени дека на оваа линија нема повеќе да бидат пронајдени вакви гранати. Но, доколку од екипите на Топлифијкација повторно бидат информирани , повторно же ги преземат сите активности неопходни за гаранција на безбедноста и на работниците и на граѓаните.