ТЕРА

REKLAMA???

ДЗР ЗА ДПИ СО ПРЕПОРАКА ЗА ДОМАКИНСКО РАБОТЕЊЕ

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државниот просветен инспекторат за 2023 година и за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики и изразено е неповолно мислење.

 

 

Со извршената ревизија утврдени се слабости и недоследности во  sпроведувањето на инспекцискиот надзор, што влијае на ефективноста и законитоста на контролите во студентските домови и воспитно-образовните установи.

 

Согласно законските одредби Државниот просветен инспекторат има обврска да врши инспекциски надзор најмалку еднаш годишно во студентските домови и да достави извештај до МОН и Владата во рок од 60 дена по завршувањето на сместувањето на студентите. Но, просветниот инспекторат не направил таква контрола од 2019 година, па во основа не е познато дали имало неправилности во процесот на прием, евидентирање и сместување на студентите и точноста на собраните податоци. Последицата од ова, вели државниот завод за ревизија, е во отсуството на информација дали студентските домови во државата ја извршуваат својата функција. Просветниот инспекторат не постапил и во 2024 година, иако во 2019 им било укажано од државмниот ревизор.

Исто така, Државниот просветен инспекторат има законска обврска да спроведува редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори, како и интегрална евалуација на работата на воспитно-образовните установи.

Во 2023 година, планирани биле вкупно 7.691 инспекциски надзор,  а реализирани  4.446, или 58% од планираното, се извршени.

Државниот просветен инспекторат има уште 38 непополнети работни места за оптимална работа. Нивното отсуство најмногу се чувствува во Охрид, Гостивар, Кавадарци и Ресен, кадешто просветни инспектори се пензионирале, не се вработиле нови.

Инспекциите на воспитно-ббразовниот процес е еден од методите е интегралната евалуација на воспитнообразовните установи. Утврдено е дека дел од основните и средните училишта не се опфатени со интегралната евалуација секоја трета учебна година.

Просветните инспектори во државава немале и доволно службени возила, па користените патни налози не укажуваат на домаќинско работење – најголем дел од патните трошоци биле исплатени за дестинации на кои постои организиран автобуски превоз, бројни патни налози не се уредно пополнети, не се архивирани, недостасуваат податоци за изминати километри, а истите не се одобрени од непосредните претпоставени и не се изготвуваат писмени налози за користење службените возила.

За утврдените состојби ревизијата даде препораки, се очекува надминување на состојбите. Во спротивно, вообичаено се преземаат активности кои ги вклучуваат органите за прогон на правосудниот систем.