Пред пленарната седница закажана за в петок, на комисиска расправа се најдоа две програми, таа за измени и дополнување на програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2025 година и измените и дополнувањата на програмата за развојни планови на Општина Битола за прериодот од 2025-2027 година.
На седницата на комисијата за јавни и комунални дејности претставникот на општината Виктор Ивановски од одделението за комунални дејности ги образложи измените.

Ивановски кажа, Бојкоски праша дали некој има прашања и следеше дуелот или мала кавга за времето со Борче Корлевски од СДСМ.

Корлевски имаше прашање до претставникот на општината, околу годините, ги засука ракавите и се обрати до него. Незадоволен беше од одговорите и расправата продолжи на релација Корлевски-Ивановски.
Окако се раскопча оти често во салата е многу топло, тој кажа што е она што тој смета дека е од суштинско значење за граѓаните.

Стана тензично во репликите и очигледна беше нервозата на релацијата преку скалите.

Ивановски му кажа за дополнителни информации да се обрати од општината, оти суштината не била во неговите прашања. Потоа Корлевски го праша претседателот на Комисијата дали може да праша. Бојкоски му кажа дека тука е претставникот на општината, а ако сака дополнитени информации да побара од администрацијата.
Други прашања немаше и така заврши тензијата во советничките клупи, па поминаа на гласање и комисијата заврши.












