Според Државниот завод за статистика (состојба на 31.12.2023 година), во Република Македонија има 1 826 247 жители, што е за 99 036 лица или за 5.1 % помалку во однос на проценката на населението во 2013 година и 67 555 лица или 3.6 % помалку во однос на 2018 година.
Во однос на старосната структура, населението во Македонија сè повеќе старее.
Во периодот од 2013 до 2023 година, учеството на старото население (65 и повеќе години) е зголемено од 13.1 % на 18.1 %.
Во периодот од 2013 до 2023 година, бројот на живородените деца се намалил за 6041, a стапката на наталитетот се намалила од 12.0 ‰ на 9.2 ‰ (живородени на 1000 население).
Промените во старосната структура на населението имаат своја рефлексија врз бројот на умрените лица во земјата.
Бројот на умрените лица придонесе за зголемување на стапката на морталитет, која во 2023 година изнесува 11.1 ‰, споредбено со 2013 година, кога изнесуваше 10.0 ‰ (умрени на 1000 население).
Бројот на живородени деца е 16 737 деца, а бројот на умрени лица е 20 187.
Споредено со 2013 година, во 2023 година се забележува намалување на бројот на склучените бракови за 9.4 % и намалување на бројот на разводите за 13.7 %.
Во 2023 година вкупно биле склучени 12 672 бракови, а бројот на разведени е 1 765.












