ТЕРА

REKLAMA???

СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ

2024 година за Здружението на пензионери Битола беше богата со активности, информираат на седницата на Собранието на која беа прифатени извештаите за работа.

Собранието на Здружението на пензионери од Битола на својата десетта седница одржана на 21.02.2025 година ги усвои Извештaјот за работа, Финансискиот извештај и Извештајот на Надзорниот одбор за 2024 година. Седницата ја отвори претседателката на Собранието на Здружението на пензионери Вера Ѓоршевска.

Претседателката на Извршниот одбор Даница Пеличкова во своето излагање се осврна на сите активности од минатата година кои беа општо прифатени и донесени од сите органи на Здружението.

,,Во текот на 2024 година ЗП – Битола преку свои преставници во СЗПМ учествуваше во работата за измени и дополнување на Законот за пензиско инвалидско осигурување во делот на определување минимална пензија, предлози и начини за зголемувањето на ниските пензии, измени и дполнувања на позитивната листа на лекови, укинување на партиципацијата за амбулантско и болничко лекување како и набавка на ортопедски помагала и друго“, истакна Петличкова.

Вложување во капитални објекти

2024 год. ќе остани запаметена како година во која Здружението на пензионери  направи голем чекор,  со соптвени средства од пензионерите  купија три  деловни простории, кои се адаптира и наменија  за клубови на пензионерите и со тоа целосно го исполнуваме нашето ветување дека во интерес на нашите членови, пензионерите, ќе отвориме три клубови каде ќе можат да го минуваат активно слободното време. Санирана  е оштетената сала за состаноци од земјотресот и опремени се трите нови клубови се грејни тела, маси столици и телевизори

Хуманитарни и социјални  активности

  • Во согласност со Правила за доделување на хуманитарна помош и Одлуката на Извршниот одбор одобрени беа 1000 ваучери на пензионери со ниски пензии до 14.000,00 ден., по повод Новогодишните и Божиќните празници
  • Со помош на ОО „Црвен Крст“ Битола и претседателите на месните ограноци, беа додели 315  пакети со прехрамбени производи, по повод  Верските празници Велигден и Рамазан за пензионери со ниски пензии од урбаните и руралните месни ограноци.
  • При набавка на огревно дрво за пензионерите Здружението во 2024 год. посредуваше  и успешно  реализира набавка на 6000 метра просторни и 3211 вреќи со пелети, до 30-ти септември, согласно договорите со превозниците дрвата и пелетите беа доставени до домовите на пензионерите. Оваа можност ја искористија 1600 пензионери. Плаќањето се вршеше на 5 рати.
  • Здружението на пензионери посредуваше и при набавка на  прехрамбени продукти месо (свински полутки)  по пониска цена со плаќање на повеќе рати. Набавени беа 700 свински половинки.
  • Во 2024 год. согласно Правилникот за критериуми и постапка за давање на стан, гарсењера под закуп, по предлог на  Комисијата за стан и станбени прашања доделени  беа три гарсоњери со кое на тројца пензионери со ниски пензии им беше решено станбеното прашање.
  • На ученици од Центарот за поддршка на учењето на деца со попреченост во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“ Битола по повод Новогодишните и Божиќните празници  им беа доделени новогодишни пакетчиња со училишен прибор, на кој им е потребен за полесно да ја совладаат наставта.

Активности од здраството и здраствената дејност

  • Согласно програмата за работа во 2024 год. ЗП продолжи со договорите со двете Битолски лабаратории за испитување на крвна слика со три параметри (триглицериди, холестерол и гликемија) како и мерење на крвен притисок. Оваа услуга ја искористија 2891 пензионер.
  • По повод одбележувањето на на „7ми април“ Светскиот ден на здравјето под мотото  „Моето здравје, мое право“.Здружението на пензионери, „ЈЗУ Центар за јавно здравје“ Битола во соработка со ОО „Црвен Крст“ Битола,  организира бесплатно мерење на шеќер во крвта. Оваа можност ја искористија 252 пензионери
  • Здружението на пензионери Битола аплицираше по програмата за Еднакви можности на Општина Битола за 2024 година со проектот „Информирај се биди здрав“ беа добиени  000,00 ден. за реализација на овај проект.  Во текот на  2024 год се одржа само една  работилница на тема „Крвниот притисок – тивок убиец“ со лекар интернист специјалист кардиолог.
  • Согласно Правилникот за организација за здраство и здраствена заштита на корисниците на пензија, пензионерите имаа право на паричен надоместок за потешки утврдени дијагнози и операции предвидени во овај правилник, како и  висината на пензијата, комисијата за здраство донесе 39 позитивни решенија,  за кои добија парична помош.

Спорт и спортски активности

Успешни домакини бевме во организацијата во реализацијата на XXVlll регионалните спортски игри заедно со Комисијата за спорт. Учествуваа  Здруженијата на пензионери на од Битола, Прилеп, Крушево, Д.Хисар и Ресен  со  177 спортисти пензионери во 11 спортски дисциплини.

Битола освои 5 први места:

Спортистите кои освоија први места на Регионалните спортски игри се пласираја да настапат на Републичките спортски игри.

Во Скопје се одржаа XXVIIl Републички спртски игри на пензионерите организирани од СЗПМ.

Здружението на пензионери Битола учествуваше со 10 спрортисти и 1 судија. Освоените беа 2 први места, и едно второ место

Културно забавниот живот на пензионерите

  • Во 2024 година целосно се реализираа планираните програмски активности за еднодневните пролетни и есенсккои екскурзиии кои ги организираа претседателите на месните ограноци. 3000 пензионери ги искоритија рекреативните прошетки низ Република Северна Македонија
  • Една од програмските активности на Здруженијата е и оргаизирање на музички и фолклорни активности.
  • Во 2024 година бевме бевме домаќини на 22 – та Регионалната ревија на песни, музика  и игри  под покровителство на СЗПМ.
  • Успешно организирана и реализирана од страна на ЗП Битола и Комисијата за културно забавен живот, каде се слушнаа песни, изиграа ора од страна на учесниците пензионери од 7-от  регион, кои преставуваа вистински празник на народниот мелос, потврдивме  и покажавме  дека ја негуваме македонската етно традиција, музичко творештво и нашата културна ризница и потсетиме дека фолклорот ја шири љубовта, обединува и зближува.
  • На оваа манифестацоија ЗП Битола се претстави со пеачката група „Сирма Војвода“ која забележа голем успех и се пласира  за учество  на  Републичката ревија на песни, музика  и игри која се одржа во Скопје.
  • На манифестацијата Републичките песни музика и игри „Сирма Војвода“ со својот настап успешно се претстави.
  • Здружението на пензионери Битола со Пеачката група „Сирма Војвода“ учествуваше на шесттиот меѓународен фестивал на хорови и пеачки групи во Куманово. Забележаа голем успех со изведбите на 4 македонски народни песни на огромно задоволство на публиката.
  • Претставници од Здружинието на пензионери Битола, заедно со пеачката група „Сирма Војвода“ со пригодна свечаност од песни и музика им го честитаа празникот на пензионерите 20 – ти септрмври на пензионерите сместени во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ Битола, со желба за добро здравје и среќен живот.
  • По повод меѓународниот ден за правата на децата под мотото „Недела на детето“ во пријатна атмосвера пеачката група им одржа концерт на децата од детската градика „Естреа Овадја Мара“ од Битола.
  • По повод празникот на Општина Битола „4-ти Ноември“ пеачката група „Сирма Војвода“ одржа свечан концерт на децата од градинката „Коца Василева“.

Други активности

  • Oтсекот за превенција при СВР БИТОЛА заедно со Полициската станица Битола на пензионерите од ЗП Битола им одржаа едукативна работилница за семејното насилство под мотото. „Секој има право на живот без насилство“, покрај едукативно – информативниот карактер, целта на активноста беше заштита и спречување, односно намалување на бројот на секаков вид на семејно насилство.
  • Во соработка НВО Економски културен епицентар ЕКЕ Битола и здружението, и поради големиот интерес на пензионерите одржани беа две едукативни работилници посветени на Медиумска писменост. Целта на оваа работилници беше да се едуцираат учесниците за важноста за медиумска писменост преку вежби и конкретни примери. На работилницата, учесниците имаа можност да научат како да разликуваат веродостојни информации од лажни вести на интернет..
  • Во 2024 год соработка со полицијата и Здружениео на пензионери продолжи на тема „ПРЕВЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНО ЛЕТО“.

На средбата со пензионерите, во непосредна комуникација со нив им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби, измами при лажни сообраќајни незгоди кои измамниците ги прават преку телефонска комуникација и други важни совети кои ќе им користат на повозрасната и ранлива  категорија граѓани за истите да се самозаштитат.

  • Оргаризирана беше пригодна прослава по повод „8 – ми март“ меѓународниот  Ден  на жената, каде беа доделени благодарници на најактивните жени од ограноците Новаци и Битола.

Секцијата на жени

Организирае повеке активности по повод новогодишните и верските празнии.  Организираше повеке хуманитарни активности во доделување хуманитарна помош  за пензионерите  со ниски примања  во руралните и урбаните месни ограноци. Учествуваа по покана од секциите на жени  на други здруженија кои организираа повеке манифестации, каде успешно го претставија ЗП Битола. Ги посетија штитениците во старските домови  заедно со групата Сирма Војвода, каде им приредија музички концерти.

Собрание на Здружението на пензионери Битола

Во текот на извештајниот период Собранието  одржа 4 редовни седници

  • Извештајот за работата на Здружението за 2023 год.
  • Извештај oд пoписната комисија за 2023 год.
  • Завршната сметка за 2023 год.
  • Извештај за работата на Надзорниот одбор за 2023 година
  • Одлука за утврдување на потребата и купување на деловен простор за пензионерски клубови
  • Одлука измена на акт за основање Статут
  • Полугодишен извештај за финансиското работење на здружението за период од 01.01.2024- 30.06.2024 година
  • Програма за работа на Здружението на пензионери Битола за 2025 година
  • Финансов план на Зружението на пензионери Битола за 2025 година.
  • Програма за работа на Надзорниот одбор за 2025год.

Извршен одбор на Здружението на пензионери Битола

Извршниот одбор  во текот на извештајниот период одржа 12 седници на кои се разгледувани прашања од тековното работење на Здружението и  донесоа 54 одлуки за тековното работење на ЗП Битола

 Надзорен Одбор

Во текот на извештајниот период Надзорниот одбор  одржа 3 седници  на кои што ги разгледуваше: Завршната сметка за 2023година  и извештајот од пописната комисија за 2023 год. Полугодишниот финансов извештај на здружението за 2024 година Програма за работа на Извршниот одбор за 2025 год.Финансискиот план за 2025 година.Целокупното материјално финансиско работење за 2024 година на органите и телата на здружението.

 Комисии По потреба

Комисиите работеа на состаноци и  по потреба . Во 2024 год. најповеке одржаа состаноци Комисијата за стандард и набавки, Комисијата за здравство,  Комисијата за забава и култура, комисијата за спорт, Комисијата за стан и станбени прашања и другите комисии за кои имаше потреба.

 Стручна служба

Стручна служба на ЗП – Битола, во извештајниот период ги извршуваше редовните работи предвидени со Статутот и програмата за работа на Здружението за 2024 година, стои во извештајот од седницата.