ТЕРА

REKLAMA???

ОТКРИЕНИ УШТЕ 145 СТАРИ ГРАНАТИ КАЈ „БЕЛА ЧЕШМА“

Од Дирекцијата за заштита и спасување денеска добивме информација дека во текот на ископот за топловодниот цевковод во местото викано Бела Чешма, по улицата,  на потегот од основното училиште Тодор Ангелевски кон семафорите пронајдено е уште едно лежиште на огнено оружје – гранати со калибар од 75 милиметри.

Денеска биле извадени уште 145 артилериски гранати од Првата светска војна.

Пред два дена, на овој потег беа откриени и извадени 206  гранати со истиот калибар.

И денеска направени биле проверки со метал детектор на површина околу наоѓалиштето и начелно е дадена дозволата за продолжуавње со работите, со препорака за поголема внимателност поради можноста на истата линија да има уште артилериски, огнени објекти