ТЕРА

REKLAMA???

50-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ, ПОЛИТИЧКИ МИРНА

Советот на Општина Битола денеска ја одржува 50-тата седница. На дневен ред  55 точки. измени на неколку програми, проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2025 година. Неколку донации, детални урбанистички планови, давање под закуп на недвижни страври сопственост на општината. Политички мирна и развлечена.

По едночасовно координирање, пристигнување и дополнителни договарања на припадницит на советничките групи, започна 50та седница на Советот на Општина Битола со 55 најавени точки на дневен ред од областа на уредувањето на градежното земјиште, финансиската програма која стои зад тие измени и развојната програма предвидена за временскиот период од 2025 до 2027 година.

Советниците денеска расправаа и за предложени промени во Програмата за обраование, реконструктивни зафати кои се предвидени и планирани во неколку градски и подрачни училишта, расправа за претходно завршениот попис на Јавна Опптинска УСтавона Детска Градинка „Мајски Цвет“, годишниот план за вработување во Јавната Општинска Установа Дом за стари лица „Сју Рајдер“. На дневниот ред се најдоа и 30тина Одлуки за утврдување потреа за донесување на урбанисточко-планска документација за усогласување на намена и вклопување на бесправно изрградени објекти во идна урбанисточко -планска документација.

Точките измена и дополнување на градежната и развојната програма се дискутираат најмногу и заради најавата дека Општината ќе стои зад завршувaњето на изградбата на затворениот базен во просторот на ОУ Даме Груев. Оттука, како процедура , одат рака -под-рака. Измената на едната подразбира процедура за измена на другата. Николовски и советниците од СДСМ сметаат дека Општината избрзала, Бојкоски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ се на ставот дека се работи за техничка работа, за конечно Битола да го има затворениот базен.

 

Петар Николовски, СДСМ                             Бојан Бојкоски, ВМРО-ДПМНЕ

изјавите на координаторите во врската што води до YouTube на крајот од текстот

Од старт имаше и само три предлози за дополнување на девниот ред : оној на СДСМ автомобилите кои градоначалникот планира да ги купи да се користат и за потребите на граѓаните – за медицински потреби и за превоз на ученици, и предлогот на претседателката на Советот Илиевска за разрешување на директорот на Паркинзи, повикувајќи го на одговорност дека претпријатието како организатор на активностите на лизгалиштето ги повикувал граѓаните, во прв ред деца, да се лизгаат во денови кога аерозагадувањето во Битола било на највиско ниво.

Сепак, според најавениот дневен ред , а и по очекувањата на координаторите на советничките групи, 50 седница е политички мирна седница со многу точки со технички карактер.