ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: ЗА ИЗГРАДБА НА ДЕПОНИЈА НЕ ГЛАСАВМЕ, А ДАЛИ ИЛИЕВСКИ ПРЕМОЛЧИ ШТО ДОНЕСЕ НЕГОВАТА ВЛАДА?

За темата со регионалната депонија која се најде на последната седница на Советот на Општина Битола, денеска битолската ВМРО ДПМНЕ вели дека советниците во Советот на општина Битола не донесоа одлука за изградба на “депонија” во Новаци.

„Ова најодговорно го тврдиме и зад истото стоиме како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

На последната седница на советот на општина Битола се гласаше само за формирање на комисија.

Согласно ова ниту е донесена од советот на општина Битола за изградба на регионална “депонија” во Новаци, ниту пак советот на општина Битола има таков мандат“ велат од ВМРО ДПМНЕ.

Тие пак се како што велат, зачудени од битолската СДСМ Битола која вели дека граѓаните не може и не смее да бидат исклучени од процесот на донесување одлуки кои се од суштествено значење.

„Точно е дека граѓаните треба да бидат вклучени во донесувањето на одлуките од суштествено значење. Но, кога владата на СДСМ предводена од Зоран Заев го промени “ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2021-2031”, тогаш мислењето на битолчани не им беше важно. Зошто ниту еден битолски министер, а имаше неколку и ниту еден пратеник во мандатот 2020-2024 година не побара да се организира јавна презентација и расправа? стои во партиското соопштение.

Како потврда кон ова, од ВМРО ДПМНЕ приложуваато фотографии и линк од донесениот план на 18.10.2021 година.

Линк

„Исто така сме зачудени од фактот како од СДСМ не го виделе проектот додека Каја Шукова беше Министерка за животна средина и просторнo планирање и сега е актуелен потпретседател на СДСМ. Дали можеби потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски кој е актуелен советник во советот на општина Битола е запознат со проектот и мудро премолчи или можеби нема комуникација и со колегите потпретседатели на СДСМ во централата во Скопје ? прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека секако дека согласно изгласаниот заклучок ги очекуваат во Битола пред целокупната јавност надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање да дојдат и да го презентираат целиот проект.

„И уште еднаш да повториме дека локацијата за регионалната “депонија” во Новаци ја утврди владата на СДСМ во 2021 година а не советот на општина Битола во 2025 година.

Доколку проектот предлага “ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД” според сите светски стандарди и придонесува за подобра животна средина и правилно управување со отпадот како одговорна политичка партија ќе бидиме дел од јавната расправа“ велат од ВМРО ДПМНЕ.