ТЕРА

REKLAMA???

МАВРОВСКИ: ЌЕ СЕ ЗАНИМАВАМЕ ПОВЕЌЕ СО МАКЕДОНСКА ДРАМАТУРГИЈА

„Зошто Ѓоре Магаревски? Бидејќи Ѓоре Магаревски е почетокот како театарот започнал. Тоа е еден интегрален текст кој што има нецели осум страни. Текст на Владо Малевски, кој што партизаните во тоа време го играле пред официјалната премиера, го играле низ планините, таму каде што имало потреба, по села за да го мотивираат народот за да се крене на востание и по ослободувањето на Битола, на 14 ноември таа претстава во старата зграда на театарот група од 11 луѓе интузијасти ја поставиле и ја изиграле“ вели директорот на Народниот театар Битола, Васко Мавровски, во интервјуто за Актуел на Тера, а по повод 80 годишниот јубилеј на театарот.

Во интервјуто со него зборуваме и за репертоарската политика.

„Слоганот „Театарот повторно твој“ имено се темели на репертоарската политика. Театарот секогаш бил на публиката, бидејќи ние без публика не постоиме, но „Театарот повторно твој“ е на еден начин избор на луѓето што сакаат да гледаат на репертоарот“ вели Марвовски.

За оваа година планирани се десет премиери, од кои четири ги финансира министерството за култура, а шест наслови се со одлука на Уметничкиот совет, кој што за прв пат профункционирал во театарот и Управниот одбор ќе ги реализираат од сопствени средства.

„Она што го ветив на самиот почеток на мојот мандат, ќе се занимаваме повеќе со македонска драматургија, македонски уметници, режисери, сценографи, автори“ вели Мавровски и додава дека имаат три праизведби на македонски текстови.

Во продолжение е интервјуто со него.