ТЕРА

REKLAMA???

ДОСЕГАШНИОТ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Е НА МНОГУ НИСКО НИВО

На вонредната седница на Советот на Општина Битола на која се разговараше за проектот за регионален систем со управување со отпад, односно регионалната депонија, присутна беше и Ана Каранфилова- Мазневска, експер од министерството за животна средина. Пред седницата, таа во изјава за медиуми кажа за што се работи и што предвидува овој проект, како и за состојбата со посточките депонии, односно локации каде што се одлага отпадот.

„Секако дека ова го правиме за да има придобивки и за животната средина и за здравјето на луѓето пред се. Досегашниот систем за управување со отпад во нашата земја е навистина на многу ниско ниво и ќе треба да се овозможи формирање на нов регионален систем за управување со отпад кој што ќе ги задоволува и националните стандарди, оние кои што ни се пропишани во националното законодавство, а кои пак се хармонизирани со законодавството на Европската унија. Значи градиме ситем кој што ќе ги задоволува сите стандарди за заштита на животната средина и здравјето на луѓет“ рече Каранфилова-Мазневска.

Таа беше прашана за постоечките депонии.

„ За жал, бидејќи се несанитарни, односно нестандардни, ние така ги викаме локации за отстранување на отпад, тоа не се депонии, се надевам дека наското ќе имаме прилика да видиме како изгледаат тие стандарди депонии на кои интензивно се работи во сите плански региони низ земјава, за изградба на вакви стандардни депонии. Досегашните локации кои што се користат за остранување на отпадот ја загадуваат и водата и подземните води и водотеците и почвата, бидејќи се исцедува отпадот, бидејќи нема пред третман, нема заштита, го загадуваат воздухот и за жал многу често може да се случи и палење на овие локации со што дополнително се отоварува и амбиенталниот возуд“ вели таа.

Кажа дека на меѓународен повик ќе се бара изведувач на работите.

„Во постапка сме на подготовка на тендерска документација. Тендеска документација значи подготвен идеен проект и врз основа на тоа се распишува повик за изведба на работите. Тоа е меѓународен повик. Средствата со кои ќе се гради ова се кредит, кредит добие од Европската банка за обнова и развој, кој го зеде нашата влада. Со овие средства ќе се изградат овие системи, значи не само регионалната депонија, туку имаме предвидено и претоварни станици, затворање на нестандарната локација која што во моментот се користи од страна на Општина Битола и Новаци во Мегленци и дополнително набавка на современи возила и современи контејнери, контејнери за примарна селекција и возила за примарна селекција задолжително, бидејќи идејата е отпадот да се селектира на извор, сувата фракција од отпадот, онаа која што може да се рециклира, ќе оди на секундарна селекција, а она што ќе се депонира ќе биде ќе биде органскиот отпад кој претходно ќе биде третиран, па депониран, па покриен, што нема да има дополнителни влијанија врз животната средина. Тоа е идејата на стандардните депонии, а не како што е случајот отстранување на некои локации, ние ги велиме локации бидејќи не се депонии“ вели таа.