Дали Битола на почетокот на следната учебна година ќе има затворен базен? Министерот за спорт Борко Ристевски и градоначалникот Тони Коњановски, денеска на увидот во работите кај градилиштето на базенот во ООУ „Даме Груев“ рекоа дека ќе се погрижат тоа да биде така.

Министерот Борко Ристовски и градоначалникот Тони Коњановски во придружба на изведувачот на градежните работи и сите други инволвирани во изградбата и ставањето во функција на затворениот пливачки базен во ООУ „Даме Груев“ денеска направија увид во подготвителните работи кои се во тек. Веднаш ќе започнат и изведбените работи.
Иако често го гледаме како гостин на спортските настани овде во Битола, овојпат Борко Ристовеки е во една друга функција, министер кој се нафати да стави крај на голготата со затворените базени од едно друго време, коментираше градоначалникот Тони Коњановски.

Сагата на битолскиот базен започна во февруари 2020 година, а оттогаш досега се шпекулира со информации зошто не е изграден, колку државни односно пари на граѓаните се потрошени, дали се оправдано потрошени или не, а проектот стана предмет на потсмев , дури и на првоаприлска шега. Ова не е случај само во Битола, низ државата има уште 5 вакви недовршени проекти. Министерството со државните институции се обидува да ја лоцира причината и одговорните.

На прашањето дали има сомневања за злоупотреба на средства досега, министерот одговори дека досега во документацијата се согледале многу чудни, нелогични и нејасни работи кои довеле до прекина на изградбите. Но, дека по извештаите на вештаците, ако има неправилности, ќе мора да се бара одговорноста преку правосудните органи. Делегацијата на министерстѕвото предводена од министерот Ристовски не е овде денеска само за базенот. Коњановски му организира прошетка и увид на низа општински спортски проекти чија изградба или реконструкција или реновирање е во тек.



Инаку, според информациите на министерствто, а обезбедени од изведувачот, проектот затворен пливачки базен во Битола чини 42.500 милиони денари, досега се потрошени 11.милиони денари. Од министерството проценките се дека уште триесеттината милиони денари ќе бидат доволни за да се завршат работите и покрај фактот дека градежните материјали се со секојдневно променливи цени на чинење.
Изјавите на министерот Ристовски и градоначалникот Коњановски во продолжение, преку врската којашто ве води до YouTube












