ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 23 СТЕПЕНИ

Утрово 15 степени во Куманово, 14 Лазарополе, 13 Маврови Анови, 11 Крушево, 10 Крива Паланка, Тетово, Пожаране, 8 Скопје-Петрове, Попова Шапка, 5 Велес, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, 2 Битола, Штип, Виница, 1 Претор, Струмица, Гевгелија, Берово,  Тополчани.

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Битола до 23 степени.