ТЕРА

REKLAMA???

51 ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ, А ПОВЕЌЕ ОД 100 СЕ ПОВРЕДЕНИ

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски рече дека околу 2:35 часот во полициската станица била добиена информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал пожар.  Тој рече дека полицијата ги известила пожарната и итната медицинска служба.

„Според првичните информации со кои што располагаме пожарат настанал како последица на искри на пиротехнички средства кои што биле употребени за светлосен ефект на концертот. Во моментот на активирање на ткн, прскалки, најверојано искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесно запаллива материја по што за многу краток период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ час“ рече министерот Тошковски.

Тошковски кажа дека се истражуваат причините за пожарот во дискотеката и дека има приведено лица за случајот.