На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани, јави агенцијата МИА.
Родители чии деца биле во дискотеката во Кочани се пред болниците во Штип и Кочани чекајќи да добијат повеќе информации.
Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека 118 лица се хоспитализирани во болниците во Кочани, Штип и Скопје. Тој информираше дека сите капацитети се ставени во функција, а хоспитализираните пациенти добиваат соодветно лекување.












