ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: ОВА Е ТЕЖОК ДЕН ЗА СИТЕ НАС, ДА ПОМОГНЕМЕ КОЛКУ ШТО МОЖЕМЕ

Со голема тага утрово ја примив веста за трагичната несреќа која го потресе Кочани, но и цела Македонија. Ова е тежок ден за сите нас, за секој граѓанин на нашата држава, а најмногу за семејствата на загинатите, напиша на својот фејзбук профил градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Болката по младите животи е огромна, загубата ненадоместлива. Во овие тажни моменти, изразувам искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најмили. На повредените им посакувам брзо закрепнување.

Општина Битола и Клиничката болница од нашиот град се подготвени да излезат во пресрет на евентуални дополнителни потреби од згрижување или друг специјалистички третман кај повредените. Контактите со здравствените институции и локалната самоуправа во Кочани, се веќе воспоставени и стоиме на располагање за помош со сите наши ресурси.

Во овие тешки денови, солидарноста, хуманоста, сплотеноста и меѓусебната поддршка ни се неопходни. Да помогнеме колку што можеме“ вели градоначалникот на Битола, Коњановски.