Во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица. Од нив 35 се идентификувани, при што 31 се од Кочани, а четири се од Штип.
Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полицискии службеник од ПС Пробиштип кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници во дискотеката во која изби пожарот.
Од МВР во координација со Јавното обвинителство во овој момент се постапува и во министерството за економија од каде се обезбедува документација поврзана со предметната дискотека, како и лица поврзани со истата.
Тошковски соопшти дека бројот на повредени според последните информации што ги добил околу 12:00 часот, е 155 лица.












