Широката истрага којашто од вчера се спроведува во пеплосаната дискотека „Пулс“ во Кочани говори за многу пропусти или неспроведени законски обврски од сите страни – и сопствениците на објектот и државните органи.
Македонската законска регулатива има бројни правила и норми кои се наметнуваат врз сите угостителски објекти од секаков вид и големина, дополнети и со норми и стандарди кои мора да се почеитуваат.
Дискотеката Пулс е објект изграден пред неколку децении, служел како магацин за теписи, а пред 15-тина години станал дискотека. На површина од 419 квадратни мерки, државниот градежен инженер констатирал дека немало пренамена на објектот од индустриски во угостителски.
Еве кои други работи ги костатира вчерашната истрага.

- Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од 3 метри , без соодветна дозвола , без овластено друштво ( организација.н.з ) за палење на пиротехичките материјали
- Немало писмен договор помеѓу организаторот и од страна на групата за организирање на концерт
- Објектот немал хидрантска мрежа ниту имал хидрант во употребна функција,
- Немало доволно Противпожарни апарати според квадратурата , имале само 2.
- Немало две излезни врати пропишани за евакуација на луѓе, туку имало една единечна импровизирана метална врата на задниот дел од објектот; била заклучена со катанец без квака од внатрешната страна; обложена со гипс-картон и сунгер за звучна изолација.
- Немало пристап за против-пожарни возила од двете спротивни страни согласно правилникот за пожари, експлозии и опасни материи
- Внатрешноста на објектот била обложена со гипс-картон но не бил со огноотпорни својства
- Немало спуштен таван со противпожарна отпорност од најмалку 30 мин.
- Немало врати со противпожарна отпорност од најмалку 1 час, ниту пак систем за кочење на вратите
- Немало систем за известување на присутните за настанат пожар со јак звучен сигнал
- Постојната врата непрописно била обложена и со материјали за звучна изолација како и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали
Трагедијата ги изнесе на површина, веројатно и ќе ги именува, сите прашања кои се подведени под корупција. Но истовремено, јавноста е свесна дека е потребна општествена промена, преку секој закон и правилник што државата ја прават држава.












