На плоштадот „Магнолија“ битолчани денеска оддаваат почит на трагично загинатите во големата трагедија во Кочани.

Цвеќиња, испишани пораки, свеќи се оставаа пред споменикот на плоштадот.

Во Македонија е прогласена седумдневна жалост за трагично загинатите лица во дискотеката во Кочани.

Во Битола и народниот театар и библиотеката соопштија дека се одложуваат сите културни настани кои беа на нивниот репертоар, односно програма за оваа недела.



Знамињата во Општина Битола се спуштени на половина копје.














