ТЕРА

REKLAMA???

ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ ЃАВАТО, СТРАЖА, БУКОВО

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот.

Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и крак Маврово – Дебар се укинуваат во 05.30 часот.

Фото: Илустрација