Пожарот во дискотеката во Кочани од европските медиуми се бележи како втор најголем пожар на европско тло во последната деценија. Имаше бројни трагични инциденти во ноќните клубови кои доведоа до стотици жртви низ европските земји. И токму вакви ситуации ги натераа државите да ги зајакнат законите, зголемат казните и да ги избираат инспекторите според нивниот интегритет и отпорноста на корупција.
Различни пожари во ноќните клубови од изминатите 17 години беа анализирани со цел да се идентификуваат критичните фактори кои влијаат на овие настани. Во причините за пожарите доминираат незаконското работење на ноќните клубови; употреба на пиротехнички средства; изборот на материјали од кои се изградени; рачни и автоматски системи за заштита од пожари. Дополнително, не постоела обука на персоналот во справувањето со кризни состојби особено пожари.
Комбинација на овие фактори била причината за пожарот што започна во ноќен клуб во градот Мурсија во југоисточна Шпанија во октомври 2023 година. Пожарот се прошири во два други ноќни клубови. Резултатот бил 13 мртви.

Споменик во Мурисија, Шпанија/ сопственост Wikipedia
Еден од најсмртоносните пожари во историјата на Шведска се случи во дискотека во Гетеборг. Во објект што собирал само 150 лица, таа ноќ биле присутни околу 400 млади, на возраст од 14 до 25 години. Пожарот одзеде 63 животи, а над 200 беа потешко повредени. Шведска ja научи лекцијаta. Ги заостри законите, ја стави безбедноста како приоритет и никогаш повеќе не дозволи ваква трагедија.
Во 2015 година, преполн ноќен клуб во Букурешт, Романија беше зафатен од пламен откако пиротехнички средства беа подметнати за време на концерт, при што загинаа 64 луѓе околу 190 биле повредени. ( фото насловна. сопственост Wikipedia)
Имајќи ги овие примери, а во насока кон гаранција на безбедност на ноќните клубови, дискотеки и останати места за ноќна забава, а препознавајќи ја потребата за организирање на ноќниот живот од социјален и аспект на туристичката индустрија европејците донесле едно правило – да се испочитуваат преку 4о услови / правилници :

Споменик Гетеборг, Шведска / сопственост Gothenburg Supercargo
Пристап и безбедносен прием на гости, точка/ каса за проверка на вораст, точка/каса за проверка на оружје, внатрешни безбедносни камери (CCTV), обезбедување кај камерите коe ќе ги следи луѓето во редови, други кои ќе ги следат луѓето што се собираат надвор од локалот. За внатрешноста – потребно е да има одредена собна температура, да има вентилација, посебна полиика за стаклени садови, вработени за чистење од излевање на алкохол што го третира како потенцијална опасност, политика за достапноста на храна и закуски, правила за расчистување на празни чаши и шишиња, правило за достапност на бесплатnа вода , правилник за распоред и дизајн на внатрешноста со правилник за огноотпорност на материјалите и доволна физичка оддалеченост на масите и столиците, правилник за чистотата и материјалите од кои се направени тоалетите, за дискотеките достапност на места за одмор или седење, правилник кој инсистира на избегнување редици пред Ве-Цеата, има посебен правилник за јачина на звук и музика и звучници…А потоа и едночудо кодекси – за персоналот, за менаџерите, кодекс за соработка на персоналот и менаџерите, кодекс за соработка на менаџерите и персоналот со полициските станици, кодекс на персонал на врата, обезбедување, обука на безбедносниот персонал што не служи пијалаци или храна и обука на персоналот што служи пијалаци и храна. Овие треба според европските правила да бидат обучени да се справуваат со дилање дрога, помош на дрогирани и алкохолизирани, и специјални обуки за евакуација во кризни состојби.












