Општина Битола е во завршна фаза на реализација на проектот за Реконструкција на коловоз, мешовита канализација и водоводна мрежа на улица „Никола Тесла“.

Работните активности се одвиваа на потегот од поврзувањето со улица „Влатко Миленковски“ до спој со „Булевар 1 ви Мај“.

Реконструкцијата на комплетната инфраструктура е во вредност од 9.826.756,09 денари, а инфраструктурното уредување во овој дел на градот вклучува и реконструкција на улично осветлување во износ од 2.394.000,59 денари.

Ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа, дејствува во насока на подобрување на патната инфраструктура во централното градско подрачје, соопштија од општината.













