Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, четврта ноќ по ред одржуваат протести во тој град, во Измир и турскиот главен град Анкара.
Некои учесници на протестот нападнаа полицајци, а во Анкара полицаец беше повреден во напад на маскирани лица. Полицијата пукаше со гумени куршуми кон демонстрантите, јави ТРТ Хабер.
Организатор на протестите е главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). Имамоглу од притвор ги повика турските граѓани да одржат масовни демонстрации низ целата земја бидејќи е принуден во затвор да чека да почне неговото судење.
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Имамоглу е сменет од функцијата откако бил уапсен под обвинение за корупција и тероризам.












