Македонија започна голема и координирана активности меѓу локалните и централната власт за проверка на сите објекти од јавен карактер низ државата.
Вонредни инспекциски контроли се спроведуваат низ сите објекти од јавен карактер низ државата . детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали , домовите на култура, и сите угостителски објекти и други места кадешто секојдневно се собираат групи на луѓе. Особен акцент се става на објекти во кои престојуваат деца и млади
Младински центри, спортски игралишта и сали – да ги исполнува највисоките безбедносни стандарди
ЗЕЛС ги координира овие активности на локално ниво. Опшптините ке ги споделат и ресурсите и знаењата
Се прават детални контролиу на објектите, нивната документација и почитувањето на сите безбедносни стандарди. – дали имаат исправна против-пожарна опрема, и функционални противпожарни хидранти, дали електричните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, дали постојат јасно обележани и функционални евакуациони патеки и планови и дали се поседуваат сите потребни документи и безбедносни елаборати. Секоја неправилност ќе биде по надлежност најпрвин опомената, а потоа и санкционирана.
Претседателот на ЗЕЛС ги поттикна граѓаните и да пријават доколку забележат некакви неправилности, затоа што граѓанска должност е градењето на безбедна заедница. Претседателот на ЗЕЛС е и градоначалник на скопската општина Кисела Вода.
И Општина Битола е во општините кои веќе ги спроведуваат контролите. Информираа дека преку инспекторот за домување на терен, во координација со станбените сервиси и жителите на зградите, ќе се врши контролирање на ПП апаратите во зградите, нивната исправност и хидрантската мрежа. Од управителите на зградите и станбените сервиси, ќе биде побарано да достават информации за тоа дали зградата има хидрантска мрежа, дали хидрантите имаат црева за вода, колку од зградите поседуваат ПП апарати и дали има лица кои што знаат со нив да ракуваат. Онаму каде што е потребно, општинскиот инспекторат ќе ги задолжи субјектите да постапат согласно законските прописи, се вели во соопштението од Општина Битола.












