ТЕРА

REKLAMA???

ПРВ ДОЈДЕН-ПРВ УСЛУЖЕН ЗА ДОГРАМАТА, А ЌЕ ИМА И ЗА КЛИМИ

Како што веќе објавивме општината го објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на подрачјето на Општина Битола за 2025 година.

Претходно се најде на комисиска расправа, на една седница и двете комисии, таа за финансии и буџет и за животна средина.

Може да се добие 30% од вредноста, но не повеќе од 30.000,00 денари, а потенцијалните добитници да се жители на Општина Битола и кои имаат набавено и монтирано нова ПВЦ или алуминиумска дограма во периодот од 24.03.2025, односно вчера дo 07.04.2025 година.

„Аплицирањето е електронски на subvencii-bitola.com. Рокот за аплицирање, започнува после двете недели од набавување и монтирање, од 8 до 14 април. Принципот е ист, прв аплициран прв услужен, додека од потребни документи се скенирана оригинална фискална сметка со датум 24.03 до 07.04. 2025 година, фотографии од стара дограма која се заменува со фотографии со нова ПВЦ и алуминуимска дограма која е вградена во домот, значи пред и потоа, скенирана важечка лична карта или патна исправа од барателот, скенирана изјава заверена на нотар од барателот, дека тој лично или член од неговото потесно семејство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на дограма и дека се согласни за користење и обработка на нивните лични податоци“ рече Александра Ангеловска, претставничка од општинската администрација.

На комисијата и појаснување околу јавниот повик и периодот за аплицирање кој е од 08.04.2025 од 08:00 часот до 14.04.2025 година до 15:30 часот.

Расчистување на дилемата околу терминот прв дојден прв услужен.

„Претходните неколку години зборувавме дека треба малку да се остави период од два-три дена да можат да се запознаат граѓаните да си обезбедат услови, да си набават пред се дограма, фискална сметка, да си обезбедат средства бидејќи сумата што им е потребна за да набават е висока“ рече советникот од ВМРО НП, Кире Климевски.

Претставничката на општината рече дека граѓаните до 7 април имаат можност да ја набават и монтираат, а аплицирањето започнува на 8 април.

Корелевски пак со прашање за електронскиот систем.

„Во случај да има, како секој пат, прв дојден прв услужен, падни од сабајле, ќе се премини на друг начин или ќе се поништи“ праша советникот од СДСМ, Борче Корлевски.

„Ние како комисија немаме одговор на тоа прашање, претпоставувам изработувачите си ја сносат одговорност“ му беше кажано.

„Првиот пат се случи да имаме јавен повик, тоа беше пред две години падна, па се продолжи, после тоа правевеме ребаланс на буџетот, за тоа ве прашувам чисто информативно за граѓаните да знаат“ рече советникот од СДСМ.

„Одговорноста нивна и нивната гаранција е дека страната нема да падни“ рече Анегеловска.

Бојкоски праша и за субвенционирањето на клима уреди, зошто и тој повик не е распишан заедно со овој.

„Во програмата за животна средина имаме и за субвенцирање на клима уреди. Мислам дека и тој повик требаше да биде како точка на дневен ред, бидејќи времето е сега, после ќе биде доцна, лани знаете дека имаше реакции од граѓаните и од советниците тука дека премногу доцна се распиша јавниот повик. Затоа предлагам да се направи јавен повик и за клима уреди“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Претставничката на општината Ангеловска кажа дека и тој повик за клима уреди бил подготвен.

„Меѓутоа со завршување на јавниот повик за дограма, веднаш ќе биде пуштен и јавниот повик за клими, бидејќи е електронски со цел да не ги збуниме граѓаните со јавите повици, по завршување на дограма, значи пред да бидат распишани изборите, ќе биде пуштен и јавниот повик за клими, некаде крајот на април или почетокот на мај ќе биде пуштен и јавниот повик за клими“ рече претставниката од општината.

Таа објасни дека ова било препорака на одделението кое што е надлежно за електронското аплицирање за да не дојде до како што рече збунување на граѓаните.