ТЕРА

REKLAMA???

ЗА БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА ВО БИТОЛА ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2024

Безбедносната состојба во Битола во второто полугодие од 2024 година се оценува како поволна и стабилна, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, рече на седницата на Комисијата за безбедност, Влатко Атанасовски, командир на полициската станица од општа надлежност при СВР Битола.

„Активностите беа насочени кон одржување на добра и стабилна безбедносна состојба. Во текот на второто полугодие одржани се повеќе јавни собири на граѓани, културни манифестации, верски манифестации.

Во однос на сторените прекршоци евидентирани се 114 прекршоци од 213 сторители. По истите поднесени се барања за поведување прекршочна постапка, од кои најзастапени се физичките напади, учество во тепачка, како и фрлање и кршење на разни предмети.

Исто така во текот на второто полугодие извршени се контроли во угостителските објекти при што после 24 часот не се затекнати прекршоци и кривични дела, како и присуство на малолетници во истите. Во однос на местото за сторување, најголем дел се извршени во градот.

Во однос на имотните деликти тешки кражби и кражби, не се издвојува некој настан во кој е причинета поголема материјална штета на пријавителите.

Исто така постапувано е и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори каде лишени од слобода се вкупно 111 лица.

Во текот на второто полугодие вршена е една акциска контрола во содејство со УЈП, државниот пазарен инспекторат и државниот трудов инспекторат, при што во текот на контролата извршени се во три угостителски објекти, при што не се констатирани неправилности во текот на нивното работење. Извршена е контрола исто така само од страна на полицијата, извршени се уште четири акциски контроли, извршени се акциски контроли и пред средни училишта по оперативната акција превентива за спречување на меѓуврсничко насилство во училиштата, каде што не се констратирани неправилности или лица ученици да носат предмети од извршени кражби или наменети за извршување на кражби, како и предмети за нанесување повреди  на други лица ( боксирачи, ножеви и сл).

Во однос на сообраќајот случени се вкупно 124 сообраќајни незгоди во кои животот го загубиле четири лица, а 81 лице се здобило со телесни повреди.

Поголемиот број сообраќајни незгоди се случиле во населените места, а помал број 32 се случени на отворен пат.

Против прекршителите во патниот сообраќај до Основниот суд Битола и Комисијата за одлучување по прекршоци при СВР Битоа поднесени се вкупно 2067 барања за поведување  на прекршочна постапка, издадени се 4645 прекршочни платни налози, од кои наплатени се 3051, што значи повеќе од 50 проценти“ реле командирот Атанасовски.