Најмногу дожд 40 л/м2 наврнаа во Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 26 Струмица, 18 Штип, Демир Капија, 17 Куманово, 16 Пожаране, 15 Крушево, Попова Шапка, 13 Тополчани, 12 Прилеп, Претор, Маврови Анови, 9 Битола, Велес, 8 Скопје-Петровец, 5 Крива Паланка, Кавадарци, 4 Виница, 3 Лазарополе, 2 Берово, Охрид,
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).
Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Битола до 14 степени.












