ТЕРА

REKLAMA???

ТРЕТ САЕМ НА ВРАБОТУВАЊЕ, ПРАКТИКАНСТВО И СТИПЕНДИИ НА ТЕХНИЧКИ

Tехничкиот факултет од Bитола по третпат го организираше саемот за вработување, практиканство и стипендирање на кој присуствуваа студени, претпријатија и средношколци.Вваквите саеми на кои младите генерации и носителите на бизнисот се запознаваат се практика воведена токму од универзитетот св. климент охридски и досега, се покажале успешни.

Денеска на Техничкиот факултет во Битола Саем за вработување, практиканство и стипендирање. Ова е трета по ред  Директна средба на средношколци, студенти и компании што се организира на овој факултет досегашното искуство на Универзитетот зборува дека треба да се продолжи.

„Како што може да видите врие како во кошница, има преку 20 фирми, инженерски фирми од регионот, огромен број на студенти и средношколци . Ова се јасни факти дека штом доаѓаат толку многу фирми  од овој регион, скоро сите приватни значи во Техничкиот факултет гледаат партнер, институција од кадешто може да регрутираат кадар.“ – рече ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски , проф.Д-р Игор Неделковски.

Нашите следни соговорници Борис и Христијан ја потврдуваат корисноста за студентите. Борис  е студент кој од првиот ваков саем станал стипендист, Христијан зборува за свои колеги студенти кои се фалат. „Задоволни се , разговарале на саемот како и што функционира во фирмата и протоа им продолжиува аплицирањето .“ – вели Христијан Делов.

„Овој саем е од голема важност за на студентите затоа што е еден од најефикасните начини на кои можеме ние односно единиците како нашиот факултет да се врзиме со реалниот сектор.“ – вели Борис Гушевски.

Се работи за оформување и развивање на реалациите меѓу Техничкито факултет и бизнис секторот во регионот и целата држава, вели деканот на Технички факултет, проф. Д-р Митко Костов.

„Имаме позитивно искуство и во делот на практиканстска работа и во делот на стипендии , а исто така и во делот на вработување. И радува фактот што компаниите кои биле изминатите години и сега се појавуваат на овој саем, а има и нови компании коишто самите пројавија интерес. Ова е многу добар настан, досега екои од компаниите доаѓаа и самоиницијативно бараа да ги презентираат својот делокруг на активности,а ова е момент во кој може да се искомбинира и презентација преку штандови и со стандардни видеа….

Компаниите го претставуваат своето портфолио…Технички факултет како јавна институција има одговорност не само за трансфер на знаење туку исто така и да ги усогласи своите студиски програми според потребите на стопанството и пазарот на трудот и токму тоа и го правиме. “ -вели меѓу другото деканот проф. Д-р Митко Костов.

Овозможувањето на директна средба на компаниите со младите генерации е вистинскиот чекор кога се согледува уписната статистика на овој факултет. Последната година, вели деканот Костов, забележано е зголемен број запишани студенти во прва година и тоа 30% повеќе бруцоши споредувано со лани. На саемот се гледа како на мост на поврзување на компаниите од регионот со студентите – идни инженери.