ТЕРА

REKLAMA???

80 ГОДИНИ НУУБ – БИБЛИОТЕКИТЕ СТОЛБ И НА ДРЖАВНОСТА

Под сводовите на домот изграден за офицери кои чекореа низ градот во почетокот на минатиот век силно одекна поетско-музичкиот рецитал насловен „создателот на мирот, заштитник на куќата на зборот“ посветен на Св. Климент Охридски, патронот на НУ Универзитетска библиотека во Битола.

Иако во сенка на трагедијата во Кочани којашто оваа генерација македонски граѓани, како што рече претседателката Гордана Силјановска Давкова, ќе не следи цел живот, свечената академија на библиотеката за нејзиното  8 децениско постоење измина во прослава и промоција на книгата, читањето, значењето на библиотеките во за малку па едновековно постоење на оваа установа како такав, но и читалиштата кои сведочат за зачетоците на институцијата.

„За мене 8 децении не се само цифра, тоа е едно долго духовно патување, еден посветен труд за негување на културата.“ – го започна својот говор претседателката Силјановска-Давкова и продолжи „Признавам, како страстен библиофил или библиофилка, која со книгата се дружи сиот живот, го почитувам вашето книжно богатство, коешто е истовремено и наше, национално благо. Чувајќи ги книгите, Вие го чувате и негувате и македонскиот идентитет.“  На присутните им откри дека во својот живот била и наградена од училишната библиотека како најдобар читател.

„Што имаме ние без библиотеки?! Ни минато, ниту иднина. Не треба да се палат книгите за да се уништи една култура. Само натерајте ги луѓето да престанат да читаат. Да Ве потсетам вака предупредуваше  Реј Бредбери, автор на романот „Фаренхајт 451“ што сигурно го имате  во Библиотеката. Затоа да сториме се луѓето што повеќе да читаат . Да ја приближиме книгата особено до најмладите, тоа е актуелно деновиве да им создадеме читачки навики , да им читаме книги од најрано детство, да им подаруваме книги, да ги наградуваме со книги.“ – рече претседателката прф. Д-р Гордана Силјановска-Давкова.

Во 8 децениското постоење статусот и статутот на битолската библиотека, а и нејзиното седиште се менувал, но суштината за промоција, дисеминација и чување на книги за сечиј вкус и потреба не се променил, како и поттикнувањето кон издавање на дела од македонски, роднокрајни автори, рече директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова.

„80 годишното постоење не претставува само сведоштво туку претставува и завет за понатамошно брзо чекорење кон модернизација, кон чување на интелектуалната меморија , културна ризница, библиотекарска ризница и, ќе биде иницијатор за понатамошни многу проекти и дела со коишто ќе се гордее Битола се надевам и Македонија. “ – рече директорката Стефановска-Давкова.

 

 

80годишниот развој на битолската библиотека е документирана во уште една монографска публикација од библиотеката чиј автор е Стефановска-Давкова, насловена „НУУБ Св, КЛимент Охридски – Битола – историја и развој 1945-2025 .“ Осврнувајќи се на понудената содржина промоторката проф. Д-р Елка Јачва Улчар стави равенство меѓу поимите библиотека и јазик.

„Библиотеката и јазаикот со ограничен број на гласови создаваат бесконечно многу универзуми во вид на поими, речници, книги , прирачници. (Поимот) Библиотека, која според Борхес , а јас се согласувам со него, вели дека постои ab aeternum односно од бескрајно далечна точка на времето во минатото чијашто непосредна последица е идната вечност на светот “ – рече професорката Улчар.

Библиотеката е нераскинлив дел од Универзитетот уште од 1979 година, потсети ректорот проф.Д-р Игор Неделковски, кој ја потенцираше државотворната улога на библиотеките. Говореше за интензивирање на соработката во време исполнето се предизвици за овие инстутуции.

„Денес медиумот за дистрибуција на пишаниот збор неповратно се менува од хартија во електронски облик, но тоа не значи дека се намалува бројот на книги. Напротив, изданијата драстично се зголемуваат откако започна дигитализацијата. “ – рече проф. Неделковски.

За мисијата на библиотеката којашто е и ќе биде актуелна во секое време преку Слово за Св. Климент Охридски на академијата зборуваше и доц. Д-р Анита Ангелевска.

„Св. Клиемент Охридски е истовремено конструктор на македонската цивилизациска  градба на она што значи просветителство, просвештение и она што значи воведување во вистинската вера. Секојдневно, малку по малку да го растргнуваме мракот на незнаењето и на сомнежот и , малку по малку да и отвораме пат на светлината на знаењењето, мудроста, добрината и верата. “ – рече професорката Ангелевска.

Со настаните кои Библиотеката ги организираше во т.н предјубилејна недела уважени беа  сите кои го поплочиле патот на развојот на инситуцијата и читателите, а на свечената академија пак и  тие кои сега се залагаат за нејзино опстојување во новите текови што ги наметнува светот.  Плакети и благодарници им беа врачени на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, градоначалникот Тони Коњановски, пратениците од битолската изборна единица, заменицие министри за финансии и јавна администрација, претставници на министерството за култура, директорите на јавните и неколку приватни претпријатија од градот кои помогнаа во достоинственото одбележување на големиот јубилеј.  Понудената естетика на целиот настан ја дополнија и ученици од Државното музичко училиште и машкиот хор Св. Нектариј Битолски.