ТЕРА

REKLAMA???

КОЛКУ ПАРИ ПОТРОШИ ЗИМСКАТА СЛУЖБА

За програмата за зимската служба беше планирано дека ќе изнесува 17.226.142 денари, а се реализира, крајот на 2024 и сега до 15-ти март 2025, реализирано е 14.791.054 денари, рече раководителката на оддението за комунални дејности во Општина Битола, Маријана Спасевска, на седницата на Комисијата за јавни и комунални дејности.

„Од тие пари над 14,7 милиони денари, 12.288.355 денари отпаѓаат на градежна оператива, значи она што го работеше Нискоградба согласно склучениот договор, кој беше склучен на 15.227,242 денари, значи реализирано е 12.288.355 денари, а од градежни материјали од планиран износ 1.998.900 нарачани се 2.502.699, меѓутоа, нарачките се правени од старите договори кои што беа склучени крајот на 2023 година и ги црпевме во 2024 година. Тие не беа исцрпени. Ние имавме во старите договори количини кои што не ни беа нарачани на сол, на ризла и ладна маса.

Она што, кога ја носевме зимска служба имавме испланирано дека ќе склучиме договор за индустрика сол 300 тони, за песок и ризла 200 метри кубни и за ладна асфалтна маса 30 тони, овие количини не се ни гибнати. Нас, оваа година нарачани се 491 тон сол, 169 метри кубни ризла и 1о тони ладна асфалтна маса. Ова се платени на старите договори кои што важеа до крајот на 2024 година и со тие количини и количините кои што во Нискоградба ги имаше од претходната година што ги имавме на залиха, ја поминавме оваа зимска сезона со материјали за зимско одржување.

Значи вкупно материјали и градежна оператива, зимската служба изнесува 14. 791.054 денари“ рече Спасевска.