Попладнево и во Битола врнежи од снег. Времето денеска претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h).

Утре променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).

Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.












