Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 16:20 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Од 17.00 ч. има забрана за управување со ТМВ на патен правец Охрид-Битола кај превој Буково.
Од 19.30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан.
До крајот на денот времето ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места претежно во северните и западните делови со повремени врнежи од снег. Во пониските места во централните и југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во 20:00 часот според УХМР висината на снежната покривна во Битола е 13 см.

Утре променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).













