ТЕРА

REKLAMA???

ЃУРО МАЦУТ Е ПРЕДЛОГОТ НА ВУЧИЌ ЗА МАНДАТАР НА НОВАТА ВЛАДА

Српскиот претседател синоќа го предложи за мандатар на нова влада – Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог, јави дописникот на МИА од Белград.

Мацут дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што е редовен професор.

Премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, по напад врз студенти во Нови Сад. Српскиот Парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што падна актуелната влада на Србија.

Рокот за избор на нова влада е 18 април.

Вучиќ рече дека новата влада ќе биде избрана до Велики петок и дека претстојат тешки задачи – земјата да се спротивстави на сите притисоци во однос на регионалната политика, да го реши даночното прашање со САД, да го забрза европскиот пат, истовремено да ги зачува традиционалните пријатели на истокот и да го врати нивото на странски и домашни инвестиции.

Тој додаде дека верува оти Мацут има професионални и лични квалитети, посветеност и стручност за извршување на функцијата премиер и дека го уверил дека може да го обезбеди нејзиниот избор.