Битола денес не се соочува со проблем – Битола се соочува со финансиски колапс, вели советникот од СДСМ и координатор на советничката група Петар Николовски, за работењето на јавното претпријатие „Комуналец“.
„Јавното претпријатие „Комуналец“ е во загуба од 59 милиони денари. Плус, кон добавувачи должи 78 милиони денари.
Ова не е криза ова е банкрот на системот што треба да ги чисти улиците, да го собира отпадот и да обезбеди елементарна грижа за чистотата во градот. Комуналец е само дел од сликата. Сите јавни претпријатија заедно имаат загуба од 150 милиони денари, или 2.5 милиони евра. Парите ги нема, а градот тони. Институциите се гушат во долгови, а граѓаните се дават во сметки и трошоци. Збора на сѐ, општинската каса е празна!
Празна од средства, празна од одговорност, празна од визија. Ова не е случајност, ова е резултат на три и пол години неспособност, расипништво и молк на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски. Додека ВМРО – ДПМНЕ трупа загуби, граѓаните губат време, пари и услуги. Претпријатијата тонат и за тоа мора да има одговорност. Ова не е партиско прашање, ова е прашање на опстанок за Битола“ вели советникот Николовски.












