ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ ЗА ВОДОМЕРИТЕ ОД МИНАТОТО, СО ИДЕЈА ДА СЕ НАПРАВЕЛ „МУЗЕЈ НА ВОДОМЕРИ“

На седницата на Комисиајта за финансии и буџет каде што се зборуваше и за завршната сметка на ЈП „Водовод“ Битола за 2024 година стана збор и за водомерите.

„Имате канцелариски материјали 3.243.195 денари“ праша советничката од СДСМ, Мирјана Захариевска-ралевска.

„Значи во самите канцелариски материјали мислам дека седат и залихите на водомери, меѓутоа не сум сигурен, за ова можам дополнително да ви пратам информација за далинските водомери мислам дека така се водат“ рече Димитар Спасевски од јавното претпријатие.

Советникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски со прашање до директорот Гинов за водомерите набавени пред неколку години.

„Согласно ревизорскиот извештај кој што беше направен од државниот завод за ревизија кај вас, колку од тие водомери, тогаш имаше 20.000 водомери. Како е со водомерите, уште стојат, која е процедурата истите да бидат заменети, дали имате некоја информација, каков вид на водомери се набавени, дали се за домаќинства, за индустрија, за помоголеми објекти“ праша Бојкоски.

„За ова нема точна информација, можам дополнително да ве известам или на седницата“ рече директорот на „Водовод“, Андреј Гинов.

„Да, значи ако може да ни дадете една спецификација колку се сега вкупно водомери, еве праша и колешката како да ја надмините оваа ситуација, доколку истите не можат да се употребат сега, да ја прифатите идејата за музеј на водомери да направите, па да приходувате од тоа“, рече Бојкоски.