ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ЗГОЛЕМУВА КАПИТАЦИОНИОТ БОД ЗА МАТИЧНИТЕ ДОКТОРИ

Влaдата донесе одлука со која вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33%, односно 23%. Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесува 63 денари и 48 денари. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, честитајќи го 7 април, светскиот ден на здравјето и здравствените работници.

Одлуката претставува обид за решавање кон подобро на состојбата во примарната здравствена заштита. Според информациите кои денеска ги сподели, во државата во 2024 година биле затворени 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а тоа било намалување за повеќе од 100 кои постоеле во 2015 година. Посебно намалување има во руралните и помалите места, за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки, информираше македонскиот премиер ,дополнувајќи дека државата издвојува околу 4, 5 милијарди за матичните лекари, гинеколози и стоматолози, а за ова зголемување, објавено денеска, ќе се издвојат околу 550 милиони денари или над 9 милиони евра.

Инаку, Светскиот ден на здравјето  е посветен на кампања за здравјето на мајките и новороденчињата. Кампањата, насловена Здрави почетоци, надежни иднини, ќе ги поттикне владите и здравствената заедница да ги зголемат напорите за ставање крај на смртните случаи на мајки и новороденчиња што може да се спречат и да се даде приоритет на долгорочното здравје и благосостојба на жените.

Веќе и беше време ако се имаат предвид податоците на Macrotrends – платформа за истражување за долгорочни инвеститори што прави анализи и прогнози базирани на податоци од ООН. Според овој извор,

-Стапката на наталитет во светот во 2024 година беше 17.299 раѓања на 1000 луѓе, што е пад од 0,94% во однос на 2023 година.

-Стапката на наталитет во светот во 2023 година изнесуваше 17.464 раѓања на 1000 луѓе, што е пад од 1,15% во однос на 2022 година.

-Стапката на наталитет во светот во 2022 година изнесуваше 17.668 раѓања на 1000 луѓе, што е пад од 1,15% во однос на 2021 година.

Платформата прави и проекции до 2100 година.

Сегашната стапка на наталитет во светот во 2025 година е 17.134 раѓања на 1000 луѓе, што е пад од 0,95% во однос на 2024 година.

Сегашната стапка на наталитет за Македонија во 2025 година е 9.750 раѓања на 1000 луѓе, што е пад од 1,44 отсто во однос на 2024 година.

Инаку во Македонија, според оваа платформа,

Стапката на наталитет во Македонија во 2024 година изнесува 9.892 родени на 1000 луѓе, што е пад од 1,42 отсто во однос на 2023 година.

Стапката на наталитет во  Македонија во 2023 година изнесува 10.034 раѓања на 1000 луѓе, што е пад од 1,67 отсто во однос на 2022 година.

Стапката на наталитет во  Македонија во 2022 година изнесува 10.204 раѓања на 1000 луѓе, што е пад од 1,65 отсто во однос на 2021 година.

Во 1950 година Државниот заводо за статистика регистрирал наталитет од  39.833 бебиња, во 2024 –  9.895.

По алгоритмите на macrotrends.net,  негативниот тренд на живородени во Македонија ќе трае до 2044 година, а повторно позитивен наталитет ќе имаа во 2083 година.

Инаку светскиот ден на здравје и здравствени работници 2025 е посветен на споделување корисни информации за поддршка на здрави бремености и раѓања, подобро постнатално здравје, помагање на секоја жена и бебе да преживеат и да напредуваат – ова последното основано на информациите дека близу 300.000 жени го губат животот поради бременост или породување секоја година во светот, додека над 2 милиони бебиња умираат во првиот месец од животот, а уште околу 2 милиони се раѓаат мртво. Тоа е приближно 1 смрт што може да се спречи на секои 7 секунди. За промена на ваквата статистика, државите и поединците треба да им понудат висококвалитетна грижа која ги поддржува физички и емоционално, пред, за време и по раѓањето.

Инаку, според Светската здравствена организација здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосотојба , а не само отсуство на болест или телесни недостатоци.