Светскиот ден на Ромите во Битола се одржа во сенка на трагедијата во дискотеката во Кочани. Бројни припадници на битолската ромска заедница и делегации од општината, политичките партии и здруженија кои извираат и соработуваат со заедницата денеска одбележувањето го посветија на починатите и жртвите во трагичниот настан во Кочани.

Светот денеска го добележува денот на Ромите. Од европска перспектива едно од најголемото етничко малцинство на стариот континент, во Македонија, според пописот од 2021 година – 2.53 % се изјасниле за Роми.

Ова е ден кога вообичаено со фокусира на историјата, културата на Ромите, помалку, но застапено е дискутирањето за проблемите со кои се соочуваат на македонско, европско, светско тло – дискриминација, економски низок стандард, помалку образование до изолација во заедниците.

Годинава одбележувањето на овој голем празник е во сенка на трагедијата во Кочани.


Бројни делегации беа поканети денеска на ова одбележување кое се реализираше со пригоден говод од организаторот, претседателот на здружението Ромска Ѕвезда, претставникот на Општината – Снежана Петровска . Освен поздравите од градоначалникот и Советниците, Петровска ја потврди добрата соработка на Општината со ромската заедница и дека врз основа на капацитетите на институцијата се реализираат напори за подигнување на квалитетот на животот, а на младите им порача да ги следат советите на своите наставници и да го планираат својот процес на образование.


И Муфтијата Амит РАсимовски, муфтија на битолскот муфтивство на Исламската верска заедница се обрати на присутните. Најпрвин упати сочувство до жртвите од трагедијата во Кочани, потоа и лични поздрави за големиот празник што се одбележува.


Свежо цвеќе положија и претставници не политички партии во градот, здруженија на граѓани кои извираат од ромската заедница и здруженија кои соработуваат со нив, организацијата на млади роми и угледни граѓани од Битола значајни за градот и особено за ромската заедница.
Социјална кохезија и еднаков развој и во Македонија е фокусот на политичарите од ромската заедница во државата, иако не заостануваат ниту т.н европски проблеми со кои се соочуваат Ромите – држави кадешто има непочитување на европската повелба за регионални и малцински јазици.












