Утрово -4 степени во Берово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Претор, Демир Капија, Попова Шапка, -1 Крива Паланка, Охрид, Струмица, Велес, Маврови Анови, Крушево, 0 Штип, Кавадарци, Гевгелија, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, 2 Виница.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд, а на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени. Во Битола до 13 степени.












