ТЕРА

REKLAMA???

ПРИЕМ НА СТУДЕНТИТЕ ОД ФТУ-ОХРИД ЗА ОСВОЕНИТЕ МЕДАЛИ

По извонредниот успех на меѓународниот гастрономски натпревар „Бисерот на морето“, што се одржа на островот Брач во Хрватска, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, организираше прием во Ректоратот за студентите од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, на кои лично им честиташе за освоените медали и високиот успех.

На приемот присуствуваа и проректорот за настава, проф. д-р Цветко Андреески и генералниот секретар, м-р Теодора Михајловска, кои упатија искрени честитки до студентите, менторот и целокупниот тим на ФТУ – Охрид.

Професорот и ментор Климент Наумов истакна дека ова прво учество на студентите на ваков престижен натпревар донесе значаен успех и мотивација за понатамошен напредок. Тој го претстави тимот студенти носители на нивните извонредни резултати: Христијан Трајковски кој освои златен медал за пилешко јадење и бронзен за риба, Стефан Аврамоски добитник на два сребрени медали за јадења од телешко месо и риба и Христијан Јорданоски кој се закити со три сребрени медали во категориите риба, пилешко и паста

Горди сме на нашите студенти – нивната посветеност, талент и труд, тие се вистински амбасадори на Универзитетот, посочи ректорот Неделковски и нагласи дека освоените награди не само што го потврдуваат квалитетот на ФТУ – Охрид, туку придонесуваат и за зајакнување на угледот и репутацијата на УКЛО во целина.