ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРЕ СО ПРЕКИНАТО ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во тек е реализација на проектот реконструкција на водоводната мрежа Логоварди – Поешево, во должина од 6 км.

За таа цел, ја известуваат јавноста дека во наредните денови започнувајќи од 15.04.2025 ( вторник), корисниците од овие села ќе имаат  прекинато водоснабдување (од 8:30 часот до завршување со активностите околу реконструкцијата).

Од „Водовод“ велат дека овој зафат ќе придонесе до  подобрување на квалитетот на водоснабдувањето за  нашите корисници на вода од овој реон.