ТЕРА

REKLAMA???

НА ПАЗАР ПРЕД ВЕЛИГДЕН

На крајот од оваа недела христијанското население во државата – Православните и Католиците ќе го празнуваат великиот верски христијански празник Велигден.  Се имало- се немало, на трпезата мора да има велигденски бојосани јајца, јагнешко, козињак – трпеза според можностите на верниците, а за децата – нова облека и обувки.

Иако на некои не им е то тоа, да празнуваат…други  во одговорноста за одбележување на празникот – пред Господ, соседите или роднините, ја наоѓаат сета позитивна енергија. Згора, празникот подразбира повторно оживување – духовно, според јудаизмот, христијанството и исламот, и во телесен облик.

За овој празник, освен спојот на обичаи кои Црквата ги наметнува, најважниот симбол се обоените јајца. Да има, за секој по дома, за Господ и цела куќа, за секој гостин и случаен минувач…

Пренесеното знаење низ илјадици години вели дека овоој празник на Христовата жртва мора да се одбележи со симболично принесување на жртва – И јагнешкото месо е составен дел од по прописите празнување на великиот празник.

За светот имаме впечаток дека пред празникот има попуст.

Обично попустите ги прават некои други, на некои други места.

Предпразничната потрошувачка еуфорија не е карактеристика само за битолскиот крај, ја има во секое ќоше од државата и рефлектира врз сите, без разлика на верата.  Малку тешко се живее за Велигден, вели нашиот соговорник од Маврово, кој  припаѓа на муслиманската вероисповед.

И така со смеа и ведро, минуваат деновите од еден до друг Велигден.

Господ е со нас.