Во пресрет на премиерата на претставата „Црно Семе“ по романот на Ташко Георгиевски, а во режија на Андреј Цветановски, разговаравме со директорот на НУ Народен Театар Битола , актерот Васко Мавровски.
„Црно семе“ е роман кој ја претставува тортурата на која било изложено македонското население на територијата на денешна Грција во времето на граѓанската војна заради нивната национална определеност, етничкото потекло, роман за човечката издржливост и точка на кршење.
На почеток на разговорот директорот Васко Мавровски одговара на прашањето зошто „Црно Семе“ и зошто сега?
Погледнете го разговорот на врската подолу што Ве води до YouTube.
Премиерата на претставата е закажана за вечерва 16.04.2025, првата реприза на 22 април, а следната изведба за 29 април годинава.













