Уште неколку седници на Советот, а потоа откако ќе ја истрчаат партиите предизборната кампања, ќе видат кој колкава доверба има, а тоа ќе значи кој колку манати ќе освои во идниот состав на Советот на Општина Битола.
Бројот на столчиња или фотелји е 31, а има партии, коалиции, независни.

Во меѓувреме двете најголеми партии многу не откриваат како се крои новиот состав на Советот, односно кој, дали и каде ќе се најде на кандидатиските листи за советници, на добитно, на недобитно место или што би се рекло, мора да има и такви со кои треба да се пополни целата листа, а таа е долга и не е возможно секој да влези во оваа сала.
Од битоската СДСМ велат дека сега се во првата фаза од тој процес, а тоа подразбира анкетирање на партиски членови и пошироката јавност или поедноставно сакаат да слушнат што мисли и јавноста и кој тие сакаат да ги застапуваат во ова тело.
Од битолската ВМРО ДПМНЕ ни кажаа дека се прави мерење на јавното мислење, рејтингот на партијата и можни кадидати, но сега велат фокуст им е ставен на теренските активности.
Праксата покажала дека една личност може да е советник во неколку мандати, а тоа велат значи дека ја има поддршката и на партијата и така мислело членството.
Ако ја започнеме анализата со двете најголеми партии, односно коалиции во овој Совет, тогаш рекордот е на левата страна гледано од претседавачкото место, Илиевски од СДСМ по бројот на мандати е на врвот дури три по четири години или вкупно 12 години е тука.

На десната страна пак кај исто така најголемата коалиција, предводена од ВМРО ДПМНЕ ниту приближно блиску има советник со таков број на мандати или години, како на Илиевски. И тие од ВМРО ДПМНЕ со нивната коалиција и Левица горе, сите се со прв мандат, актуелниот кој е на завршување или некои ќе речат ваму десно се било ново кога се составувале листите за овој состав, односно едни заминаа, а дојдоа други.

Се враќаме на левата страна, која е пошаренолика кога станува збор за брјот на мандати или бројот на поминати години во овие советнички клупи. Зад Илиевски е Корлевски со втор мандат, односно 8 години е тука. Со два мандати е и советничката Наумовска исто така од СДСМ, како и Тодоровска од Партијата на Власите.

Сите други кај СДСМ и мнозинството од пред некое време, се со по еден мандат.
Но, првата меѓу еднаквите е исто така со три мандати. Претседателката на советот Илиевска два мандати во Поинаку, а претходно како советник од ВМРО НП. Зад неа е советникот Чулакоски со два мандати.

Сега тешко е да се претпостави кој после ноември, откако ќе завршат локалните избори ќе го видиме тука. Не ги прашавме дали се гледаат тука повторно, бидејки одговорот ќе биде во стилот за тоа има време и оставаат на партиските структури, односно дека чест ќе им биде ако јавноста преку партијата им ја довери довербата да ги бранат интересите на граѓаните преку оваа говорница.












