ТЕРА

REKLAMA???

СЕ УШТЕ АКТИВЕН ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР

Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од коишто  е активен се уште пожарот на депонија во Демирхисарско.

Регионалниот центар на Центарот за управување со кризи Битола, ја пренесува информацијата од ЈКП Комуналец Демир Хисар во која се наведува дека, во период од 13.00 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, интервенираат на пожар на градска депонија во Демир Хисар.

Во гаснењето учествуваат и 5 работници и 1 градежна машина од ЈКП Комуналец Демир Хисар, а побарана е дополнителна помош од приватен субјект со уште една градежна машина. Пожарот опфаќал горење автомобилски гуми и појава на густ црн чад, пожарот  засега е под контрола нема проширување на останатиот дел од депонијата меѓутоа поради појава на ветер гаснењето е отежнато.

Пожарот е се уште активен неговото гаснење ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

Фото: МИА