Најмногу дожд 26 л/м2 наврнаа во Крушево, 13 Крива Паланка, 10 Штип, 8 Скопје-Петровец, 7 Демир Капија, 6 Берово, 5 Струмица, 4 Кавадарци, Гевгелија, Попова Шапка, 3 Тетово, Охрид, Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Маврово, 1 Прилеп, Велес.
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Битола до 23 степени.












