ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛЕН ДОЖД

Најмногу дожд во изминатите 24 часа 7 л/м2 наврна во Струмица, 6 Крива Паланка, Берово, 5 Куманово, 4 Тополчани, 3 Охрид, Битола, Прилеп, 2 Виница, Крушево, Маврови Анови, Пожаране, Попова Шапка, 1 Тетово, Претор, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Лазарополе.

Денеска променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени. Во Битола до 18 степени.