ТЕРА

REKLAMA???

ЗА КЕНГУРЧЕТО, НОВИОТ ЖИТЕЛ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Кон крајот на изминатиот месец од Зоолошката градина споделија со јавноста, како што рекоа пролетна радост, односно добредојде за новите жители.

Едно од нив е и три месеци старото  кенгурче во зоолошката градина во Битола, кое е прва рожба на мајката која е тука повеќе од две години.

Семејството кенгури сега е тричлено и како што вели директорот на Зоолошката градина Жарко Тренкоски условите им се добри. Зимно време им се грее и се во затоплена просторија. Вели тој и храната е соодветна за нив, вегетаријанска, ги хранат со салатки, зелка, односно зеленчук и овошје.

Кај младите посетители кенгурите предизвикуваат голем интерес.

Тренкоски вели дека зоолошката градна изминатата недела била посетена и од ученици од градови од регионот.

Работат и во сабота и недела. Цената за влезница е 50 денари, а за деца до 5 години не се наплаќа.

Од понеделник до петок пак е бесплатно за пензионери.

Вели дека зголемена е посетеност и очекува годинава да имаат околу 50 илјади посетители од регионот.

Освен кенгурчето, нови жители на зоолошката се и лами, мајмунче, ноеви, обезбедени се и четири елени, исто бројни новородени копитари и птици.