ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 24 СТЕПЕНИ

Во изминатите 24 часа најмногу дожд 12 л/м2 наврнаа во Крушево, 9 Крива Паланка, 7 Битола, 6 Охрид, 5 Виница, Ѓуриште, 4 Претор, Тополчани, Пожаране, 3 Штип, Прилеп, Попова Шапка, 2 Струмица, Велес, Берово, Тетово, Маврови Анови, Пожар, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово.

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа, особено во источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. Во Битола до 24 степени.